Македонскиот пасош е 44-ти најмоќен во светот

од Nikola Popovski
344 прегледи

Престижниот „Henley Passport Index“ ги рангира светските пасоши според бројот на дестинации до кои нивните сопственици можат да пристапат без виза.

Индексот вклучува 199 различни пасоши и 227 различни дестинации за патување.

Првото место на оваа листа го делат Јапонија и Сингапур со 192 земји во кои нивните граѓани можат слободно да патуваат. Затоа пасошите на овие две земји денес се најмоќни во светот.

Веднаш зад нив, со по 190 земји, се Германија и Јужна Кореја, по што следуваат Финска, Италија, Луксембург, Шпанија… Се така до 44-то место, на кое што е рангирана Македонија и нејзиниот пасош.

Како што наведува „Henley Passport Index“ , со македонскиот пасош можете слободно да одите во 125 земји.

Слични содржини