Македонските фудбалери го одржаа првиот тренинг во Букурешт

од Vladimir Zorba

Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одржа првиот тренинг на Националниот стадион во Букурешт на кој в недела против Австрија од 18 часот го игра премиерниот натпревар на Европското првенство.

Македонските фудбалери претпладнево со чартер – лет пристигнаа во романската престолнина, која во следните десет денови ќе биде база на „црвено – жолтите“ на ЕУРО2020.

По воведниот дуел против Австријците во рамки на групата Ц, избраниците на селекторот Игор Ангеловски на Националниот стадион во Букурешт на 17 јуни играат против Украина, по што составот се сели во Амстердам за мечот против домаќинот Холандија на 21 јуни.

Европското првенство почнува во четврток со натпреварот меѓу Италија и Турција во Рим.

Слични содржини