421
Депозитите во декември, се зголемиле за 3% на месечна основа, под влијание на растот на депозитите кај двата сектора, со малку поголемо учество на корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.
-Споредено на годишно ниво, вкупните депозити се повисоки за 5,9%, при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Во декември, кај вкупните депозити на корпоративниот сектор е забележан раст на месечна основа од 5,8%. Нагорната промена во најголем дел произлегува од зголемувањето на депозитните пари, при помал раст и кај краткорочните и долгорочните депозити во странска валута и остварен пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денар, велат од НБРМ.