Македонските граѓани продолжуваат да се имунизираат во Србија

од Nikola Popovski
168 прегледи

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат во Србија. Според дописникот на МИА од Белград, на пунктот на белградскиот саем дневно се вакцинираат меѓу 300 и 500 граѓани.

-За време на викендите се вакцинираат меѓу 600 и 800 лица, а половината од нив се државјани на Македонија и Босна и Херцеговина, изјави за агенцијата Бета координаторката на пунктот на Саемот, Светлана Мичиќ.

Покрај ревакцинацијата, на белградскиот Саем воглавно се вакцинираат државјани на Македонија кои патуваат во странство.

Само во Ниш, досега, со првата доза вакцинирани се 12.006, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 македонски државјани.

На граѓаните на Саемот достапни им се вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Синофарм“ и „Спутник В“ со кои можат да се вакцинираат секој ден од 8:30 до 15:30 часот.

Слични содржини