Македонските и бугарските полициски специјалци на заедничка вежба во Софија

од Nikola Popovski
204 прегледи

Заедничка вежба на полициските единици при Одделот за специјални полициски операции на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и специјалните полициски единици на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија ќе се одржи денеска во Софија.

На вежбата, како што е најавено, ќе присуствува и делегација на МВР, предводена од министерот Оливер Спасовски, која претходно ќе одржи и билатерална средба со бугарската делегација.

-Денеска, ( 01.07) во Софија, Република Бугарија во Министерството за внатрешни работи , министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски со придружна делегација ќе присуствуваат на билатерална средба со министерот за внатрешни работи Бојко Рашков, по што и двете официјални делегации ќе имаат можност да ги проследат заедничките вежбовни активности на специјалните единици од двете Министерства за внатрешни работи, велат од МВР.