Македонските кошаркари забележаа убедлива победа против Словачка

од Stefanija Kuzmanovska
431 прегледи

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва забележа убедлива победа со 69:47 против Словачка.

На дуелот одигран во СЦ „Јане Сандански“ избраниците на селекторот Драган Бајиќ, уште од самиот почеток ја покажаа својата одлучност да ја забележат првата победа на претквалификацискиот „балон“ во Скопје. Македонците за разлика од завчерашниот меч со Швајцарија, одиграа пожртвувано, се бореа за секоја топка и на крајот заслужено се радуваа.

Капитенот Бојан Трајковски со 16 поени (четири тројки), Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли со по 12 беа најефикасните во победничкиот тим.

Слични содржини