Македонските ракометари поразени од Аргентина

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Македонската ракометна репрезентација го заврши своето учество во Ф-групата на Светското првенство, откако по трите одиграни меча не успеа да освои ниту еден бод.

Избраниците на селекторот Кире Лазаров вечерва во Краков загубија од Аргентина со резултат од 35:26.

Филип Талески со пет, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски со по четири погодоци беа најефикасни во македонскиот тим, додека Диего Симонет со осум гола се истакна кај Аргентинците.

Слични содржини