Македонските репрезентативци со црни дресови посветени на ужасната трагедија во Кочани

од Nikola Popovski
42 прегледи

Македонската фудбалска репрезентација на теренот во Вадуз, Лиштенштајн на загревањето истрча со црни тренинг-дресови со кои искажаа почит и сочувство за жртвите од катастрофалната несреќа во Кочани. На нив ги има бројките 16, 3 и 25, што го симболизира датумот кога се случи големата трагедија кога животот го загубија 59 млади лица.

Нашите најдобри фудбалери на натпреварот ќе настапат со црни дресови, а предвидено пред почетокот на мечот да има и една минута молк во спомен на настраданите.

Македонија денеска гостува кај Лихтенштајн во првиот меч од квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се одржи во 2026 година. Натпреварот започнува во 15:00 часот.

Слични содржини