Подгорица оваа недела би можела да стане место каде ќе се видат сите поделби на Црна Гора, ако во овој град се одржи контрамитинг на приврзаниците на Мило Ѓукановиќ.

milo-dukanovic-14

За во сабота, кога опозицијата предводена од Демократскиот фронт ќе одржи нов голем протест во Подгорица, контрапротест организираат и приврзаниците на премиерот Мило Ѓукановиќ, пишува српскиот весник Вечерње новости. Атмосферата пред контрапротестот почнала да се загрева во родниот крај на Ѓукановиќ, во никшиќката приградска населба Растоци, каде дури и на зградата на тамошната гимназија бил закачен транспарент со парола – „Мило, Растоци се со тебе“.

Ако се случи контрапротестот, аналитичарите сметаат дека тоа ќе биде вовед во политички цунами во Црна Гора. Во сабота истекува рокот што Демократскиот фронт им го даде на Ѓукановиќ и на неговите министри да поднесат оставки и да отворат простор за формирање преодна влада,. односно одржување фер избори. Опозициски настроените демонстранти во неделата одржаа жесток протест во Подгорица, на Плоштадот на Републиката, а се очекува да бидат уште поодлучни во однос на нивните барања во сабота.

Инаку по протестите во кои имаше повредени,овие денови е мирно во Подгорица, но се чувствува напнатост на секој чекор.

Слични содржини