Македонското земјоделство нема пракса за користење нова технологија и опрема, а многу мал број од нив користат интернет за информирање. Причина велат од Здруженијата е возраста, но и неисплатливоста на земјоделието. Младите заминуваат, а повозрасните или не знаат или не се заинтересирани.

„Не само што нема кој да не наследи нас повозрасните земјоделци туку нема ни работна рака доколку треба да се ангажира во полски работи“, вели Ефтим Шаклев – Асоцијација на земјоделци, пренесува 24 Вести.
Дека просечниот македонски земјоделец старее, потврдува и едно истражување реализирано пред неколку години во источна Македонија. Покажало фрапантни податоци. Анкетираните, не користат нови ѓубрива и техники, интернетот го користат само за временска прогноза, а не за промоција, но и не покажуваат интерес за промени,пишува 24 вести.