По една година одложување поради пандемијата со ковид 19 , Олимпијадата во Токио беше отворена со свечена церемонија.
Знаменосец на македонската делегација беше таеквондистот Дејан Георгиевски, а до него беше и џудистката Арбреша Реџепи.
Македонската експедиција ќе има осум натпреварувачи:
Знаменосецот Дејан Георгиевски, кој ќе настапи во таеквондо – категоријата +80 килограми
Арбреша Реџепи – џудо категорија 52 килограми
Миа Блажевска Еминова – пливање, на трката на 100 метри
Филип Деркоски – пливање, 400 метри
Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 метри
Јованоска Пулексенија – карате, кати
Стојоски Јован – атлетика, трка на 400 метри
Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил, 97 килограми.
На Олимпијадата која ќе трае до 8 август се очекува да учествуваат приближно 12.500.