Македонци ограбиле поштари во Словачка, па се сликале за „Фејсбук“

од desk2
138 прегледи

Македонци ограбиле поштари во Словачка, па се сликале за „Фејсбук“ Словачката полиција имала помалку необичен случај на разбојништво во селото Водеради. Во акцијата на безбедносните служби уапсен е 28-годишен македонски државјанин, додека се трага по уште двајца Македонци на возраст од 24 и 42 години.

Тие се сомничат дека пред неколку дена ограбиле поштари, а по бегството, се фотографирале со пленот, додека фотографиите ги објавиле на „Фејсбук“. Набргу потоа се откриени, едниот е уапсен, а другите двајца се во бегство.

„Едниот останал во автомобил, додека другите двајца ги чекале поштарите во утринските часови. Ги турнале внатре, ги нападнале со спреј и им се заканувале со огнено оружје. Ги зеле парите и побегнале. Двајца скокнале во полето и побегнале. Третиот продолжил да вози“, наведуваат во словачката полиција.