Британците кои во моментов летуваат во Шпанија, најверојатно, ќе бидат присилени да се карантираат веднаш по враќањето дома, затоа што популарните дестинации на иберискиот полуостров бележат зголемување на нови случаи на коронавирус.
Шпанија е на списокот на 59 земји ослободени од карантин во која Британците можат да патуваат и, засега, без потреба да се изолираат 14 дена кога ќе се вратат во својата татковина. Сепак, само овој викенд во земјата се пријавени 4.581 случај на новозаразени.
Овие резултати, како што е соопштено од „Дејли мејл“, ги охрабриле шпанските власти да донесат одлука оваа недела за заострување на мерките во одредени провинции кои покажале пораст на бројот на нови случаи. Тоа, како што тврдат, би имало смисла, доколку бројот на нови случаи е драстично се зголеми во наредните денови.
Случај со заразена Британка
Вчера, британска туристка предизвика општ хаос во одморалиштето Ланзарот, бидејќи таа беше тестирана позитивна за Ковид-19 и сега е во карантин откако пристигна од Велика Британија на одмор.
Девет други луѓе со кои имала контакт, исто така, морале да поминат тест, а нивните резултати биле негативни. Оваа Британка е прва туристка од Велика Британија која позитивно се тестира во Ланзарот откако Шпанија ги отвори своите граници на 21 јуни.
Таа се посомневала дека има вирус кога нејзиниот сопруг не се почувствувал добро кога пристигнале во хотелот и имал треска. Сепак, два теста за коронавирус се покажале негативни во неговиот случај.
Оваа жена рутински била тестирана поради лошата состојба на нејзиниот сопруг и покрај тоа што немала никакви симптоми, потврдено е дека има Ковид-19.
Одделот за здравство на островот соопшти дека протоколите за коронавирус биле активирани веднаш по пристигнувањето на оваа брачна двојка, така што тие имале минимален контакт со други луѓе. Специјален тим веднаш стапил во акција за да ги пронајде сите контакти, вклучително и хотелскиот персонал.
Ланзарот моментно има единаесет активни случаи на коронавирус. Покрај оваа жена, има и еден Мексиканец кој бил пренесен во болницата со симптоми и девет илегални имигранти кои се обиделе да бидат шверцувани на островот во мал брод.
Реален страв
Тековната статистика на случаи на коронавирус во Велика Британија е поповолна во однос на билансите од претходните недели. Короната уби 283 луѓе во Англија и Велс во неделата што завршува на 10 јули, што е намалување за 418 од следната недела.
Тоа е најнискиот неделен биланс на Островот од 13 март, десет дена пред британскиот премиер Борис Џонсон да објави драконски мерки за спречување на ширењето на вирусот.
Сепак, сега постои вистински страв од повратниците на туристите кои по пристигнувањето во Велика Британија би биле нова закана. Затоа британските власти сериозно размислуваат за воведување на задолжителен карантин за сите при нивното враќање во својата татковина.
Одделни податоци минатата недела покажаа дека нивото на инфекција во Велика Британија се стабилизира, па експертите веруваат дека стапката на смртност може да падне како резултат на потоплите временски услови.