Од причина што грејната сезона започна на 15-ти октомври, сè поизвесно е прашањето за производство на топлинска енергија и загревање на објектите во градот Скопје, за месец ноември, информираат од „Макпетрол“ АД.
Оттаму посочуваат дека минатата недела, на 12-ти октомври доставиле Понуда до АД ЕСМ за количините потребни за топланите Исток и Запад за месец ноември.
-Крајниот рок за прифаќање на понудата од страна на АД ЕСМ измина на 17-ти овој месец, за што дотогаш компанијата Макпетрол АД мораше да ги најави и плати потребните количини кај својот добавувач.АД ЕСМ до вчера не ги потврди потребните количини, поради што Макпетрол АД ги најави останатите количини за своите потрошувачи без количините потребни за производство на топлинска енергија за топланите Исток и Запад, велат од „Макпетрол“ АД.