Макрадули: Денес видовме еден „циничен“ Милошоски, мора заеднички да настапиме за клучни прашања

од Nikola Popovski

Денес видовме еден циничен Милошоски, кој од САД вели дека нема да почнеме преговори со ЕУ. Каква е таа цинична фаца, што ја прави. Која порака ја испраќа, вели директорот на „Пошта“, Јани Макрадули во емисијата „24 анализа“, коментирајќи ја денешната објава на поранешниот министер за надворешни работи на својот Фејсбук профил.

Според него, мора да има обединување на партиите за клучни прашања.

-За жал не сме стигнати до таа политичка култура на заедништво како Републиканците и Демократите од американскиот Конрес во однос на Бугарија. Можам да ви наведам прмер кога со поранешниот министер за надворешни работи сме биле во Вашингтон во Атлантскиот совет и после завршување на средбата ми вика: „ама ти како за Македонија зборуваш“. Па нормално, за кој да зборувам, без разлика во Собрание како сме се бореле. Мора заеднички да настапиме. Мора да има нормални односи меѓу партиите, категоричен е Макрадули.

Слични содржини