Макрадули: Економијата пука по сите шавови, затоа решението го бараат во проектот „Мигрант за пари“

„Или по логиката на потенцијалниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ: телефонот е мој, роднините се мои, фирмата била моја, ама парите се за Белата палата, а мигрантите ваши“, порача Макрадули

од Nikola Popovski
26 прегледи

Околу темата со мигрантите и обвинувањата дека Македонија ќе добива паричен надомест за секој прифатен мигрант од Велика Британија, поранешниот функционер, Јани Макрадули смета дека „денешната Влада како да пишува римејк на “Печалбари” од Антон Панов, потврдувајќи ја тезата – сѐ за тие пусти пари“.

Според Макрадули, во услови кога, како што вели, економијата пука по сите шавови, освен на прес-конференциите на власта, започната е потрага по пари.

-За унгарската милијарда сѐ уште нема отчет, а веќе нова еврообврзница се бара, откако домашното задолжување (под црта нели) се префрлува на три месеци во ЕСМ, решение се бара во проектот Мигрант за пари. Не успеав да видам, која бројка од Програмата 1198 е ова, ама за 20.000 фунти може да вдомите мигрант. Или по логиката на потенцијалниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ: телефонот е мој, родните се мои, фирмата била моја, ама парите се за белата палата, а мигрантите ваши, истакнува Макрадули.

Поранешниот функционер споредува дека 20.000 фунти се во иста висина колку околу 2000 прекршоци, од по 51 километар на час.

-Нека размисли власта, наместо да наплаќа за мигранти, нека намали брзината за казна на 25/26, па ќе има и вишок у буџетот ненаситен, додава Макрадули.