Макрон: Ако Путин не биде запрен, следни се Молдавија и Романија

од Даниел Ѓорѓиевски
627 прегледи

Ако Русија и Путин не бидат запрени, со сигурност ќе се насочат кон Молдавија, а можеби и понатаму кон Романија“, потенцира францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за неколку неделни изданија.

Макрон смета дека евентуалното повлекување на САД од Украина „не е во нивен интерес“, бидејќи „тоа што САД го прават во последните три години е целосно во согласност со нивните дипломатски и воени традиции“, додава Макрон за неделникот „Трибјун диманш“.

„Доколку Вашингтон се согласи „да потпише прекин на огнот без никакви гаранции за безбедноста на Украина“, тогаш „неговиот геостратешки капацитет за одвраќање против Русија, Кина и другите ќе исчезне истиот ден“, нагласува Макрон.

 

Слични содржини