Макрон: Ако САД се откажат од Украина…

од Vladimir Zorba
661 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика француската одбранбена индустрија трајно да го зголеми производството на оружје, во екот на војната во Украина, пренесува dpa.

– Мораме трајно да се подготвиме за геополитичка и геостратешка промена во која одбранбената индустрија ќе игра се поголема улога – рече Макрон за време на поставувањето на камен-темелникот на новата фабрика за експлозивен прашок Еуренко во југозападниот град Бержерак.

Тој додаде дека е потребна воена економија за да може Украина да биде снабдена со оружје за да се одбие руската инвазија, „како и за нашата одбрана“, и дека „оваа динамика започна во Европа и светот“.

– И оваа економија ни користи – рече Макрон и како пример го наведе производството на хаубици испорачани во Украина, кое е тројно зголемено, што „го поттикнува и извозот на оружје“.

Европа не може да се откаже од Украина, се работи и за сопствената безбедност, нагласи Макрон.

„Ние Европејците мора да направиме повеќе и побрзо ако САД не се таму, ние Европејците мора да се мобилизираме и да најдеме ново финансиско решение“, рече францускиот претседател. „Ние тесно соработуваме со Германците на тоа поле“.

Слични содржини