Макрон: Борбата против терористите не значи уништување на Појасот Газа

од Stefanija Kuzmanovska
121 прегледи

Борбата против терористите не значи уништување на Појасот Газа и неселективни напади врз цивилното население, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Во интервју за телевизијата France 5, Макрон го повика Израел да престане со ваквиот пристап во борбата против терористите бидејќи не е соодветен и посочи дека сите животи се подеднакво вредни и сите мора да ги бранат.

Иако го призна „правото на Израел да се брани и да се бори против теророт“, францускиот лидер повика на заштита на цивилите и хуманитарен прекин на огнот.

„Хамас е виновен за оваа ситуација, но го повикувам Израел да го запре бомбардирањето на Појасот Газа“, рече Макрон.

Слични содржини