168
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во врска со пукањето во центарот на Париз изјави дека француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад, упатувајќи сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за повредените.
„Француските Курди се цел на грозоморен напад во срцето на Париз. Нашите мисли се со жртвите, луѓето кои се борат за своите животи, нивните семејства и најблиските“, напиша Макрон на Твитер.
Француската телевизија BFM јави дека три лица се убиени, а четири лица се повредени во пукотница во центарот на Париз кога 69-годишен маж отворил оган врз пешаци на улица во близина на Курдскиот културен центар.