74
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска го осуди насилството во Појасот Газа и најави дека следните денови ќе разговара со сите страни во регионот.
– Франција го осудува оваа насилство. Претседателот ќе разговара со сите клучни играчи во регионот, се наведува во соопштението од Елисејска палата.
Најмалку 52 Палестинци загинаа, а над 2.400 се повредени при денешниот протест на границата помеѓу Појасот Газа и Израел поради отворање на Амбасада на САД во Ерусалим. Меѓу загинатите има и шест деца помлади од 18 години.