Макрон: Го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд

„Гренланд им припаѓа на своите граѓани, а Данска е негов гарант. Се придружувам на гласот на Европејците во изразувањето на нашата целосна солидарност“, рече Макрон на IX.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/АП

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека во Нук ја потврдил „непоколебливата“ поддршка на Франција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд.

„Гренланд им припаѓа на своите граѓани, а Данска е негов гарант. Се придружувам на гласот на Европејците во изразувањето на нашата целосна солидарност“, сподели Макрон на X.

На почетокот од својот втор претседателски мандат, во јануари оваа година, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека има намера да го преземе Гренланд, наведувајќи ја неговата стратешка позиција за безбедноста на САД, додека Данска, која ја контролира арктичката територија во последните 300 години, одбива да се откаже од Гренланд.