Макрон го пофали Катар за организацијата на СП: Доха да продолжи со реформите

од Nikola Popovski

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Катар да продолжи со реформите и оцени дека организацијата на Светското фудбалско првенство сведочи за овие промени.

„Светското првенство во фудбал, прво организирано во арапскиот свет, сведочи за конкретните промени кои се на дело. Катар тргна по тој пат и мора да продолжи. Може да смета на нашата поддршка“, напиша Макрон на Твитер за време на натпреварот Франција-Данска.

Остро критикуван за смртни случаи, несреќи и неисплатени плати на странски работници, Катар усвои опсежни реформи за подобрување на безбедноста на работниците и казнување на непослушните работодавци.

Катарските власти платија неколку стотици милиони евра за компензација на неисплатените плати, но организациите за човекови права сметаат дека овие реформи доцнат и не се доволни.

Макрон неколку дена пред почетокот на Светското првенство на 20 ноември изјави дека нема потреба да се политизира спортот и додаде дека е подготвен да оди во Доха доколку француската репрезентација стигне до полуфинале или финале.

Слични содржини