27
Францускиот претседател Емануел Макрон го пречека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Елисејската палата во Париз, кој денеска ќе разговара со него за, како што рече Трамп, геополитичка нестабилност, пред церемонијата по повод повторното отворање на катедралата Нотр Дам.
Патувањето во Франција го означува враќањето на Трамп на светската сцена, сè уште во својство на граѓанин, но покажува дека тој веќе се подготвува да се справи со мноштво меѓународни кризи, објави Ројтерс.
Двајцата силно се ракуваа и срдечно се тапкаа по грбот.