Макрон и Путин ја сметаат ревизијата на иранскиот нуклеарен договор за неприфатлива

од desk2
83 прегледи

Претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон во телефонски разговор се согласиле дека го поддржуваат планот за дејствување во рамки на иранската нуклеарна програма и ја оцениле како неприфатлива идејата истата да се преиспитува.


„Владимир Путин го информираше својот соговорник за резултатите од неговата неодамнешна посета на Иран. Во овој контекст лидерите се изјаснија во корист на јасното реализирање на Заедничкиот и сеопфатен акционен план за решавање на ситуацијата околу иранската нуклеарна програма. Ја истакнаа недопустливоста да се ревидира овој важен договор“, пишува во официјалното соопштение на Кремљ.
Разговорот се одвиваше под француска иницијатива.

„За време на размената на мислења за сириското прашање, се разгледуваа резултатите од седмиот меѓународен сириски состанок што се одржа во Астана од 30-ти до 31-ви октомври. Двете страни ја истакнаа важноста на заедничките напори во контекст на политичкото решавање на кризата во Сирија“, информираат од прес-службата на Кремљ.