140
Францускиот претседател Емануел Макрон се најде на удар на критиките од двете страни на Атлантикот откако рече дека Европа не треба да стане „вазал“ и дека мора да избегне да биде вовлечена во каков било конфликт меѓу САД и Кина околу Тајван, според „Гардијан“.
Францускиот претседател ова го изјави во интервју по тридневната официјална посета на Кина.
Макрон за „Ехо“ и „Политико“ изјави дека Европа треба да биде трета сила во светскиот поредок, по САД и Кина.