Францускиот претседател Емануел Макрон разговарал по телефон со рускиот колега Владимир Путин и ја повикал Русија да го искористи влијанието за да се заврши војната во Сирија.

Како што е соопштено, Макорн го повика Путин дека влијае на тоа да се обноват преговорите кои треба да се водат кон политичка транзиција, пренесе Ројтерс.
„Претседателот ја нагласи потребата за завршувањето на воената ескалација видена последните месеци за да се заштити цивилното население“, соопштија од Елисејските полиња.
Во соопштението се наведува дека двајцата лидери разговарале за потребата за да осигура дека во тој регион нема да дојде до повторно воздигање на Исламска држава.
Од Елисејската палата наведено е дека Макрон изразил надеж дека редовен дијалог меѓу Франција и Русија може да обезбеди конкретен напредок кон пронаоѓање решение за Сирија.