Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе го претстави предлог-законот против лажни вести во следните неколку недели , објавија новинските агенции. Според неговите зборови, дезинформациите претставуваат закана за либералните демократии.
Францускиот претседател се потсети дека тој и неговиот тим беа предмет на лажни вести и хакерски напади за време на изборната кампања минатата година.
Макрон ќе предложи преглед на француското законодавство за медиуми во борбата против дезинформацијата.
Според него, промените ќе влијаат на социјалните мрежи, особено за време на изборните кампањи. Предвидено е да се има транспарентност vis-à-vis рекламите и да се регулира оваа активност.