Претседателот на Франција Емануел Макрон потрошил за три месеци 26 илјади евра за добар изглед, пишува Closer.
“Очигледно Емануел Макрон многу држи до шминкерката. Претседателот посакал таа да биде во Елисејската палата, “забележува публикацијата.
Во написот, исто така, се вели дека за да е привлечен еден човек би го чинело скапо и трошоците на Макрон очигледно докажуваат тоа.
Новинарите откриле две сметки кои сведочат дека државниот поглавар платил еднаш 10 илјади евра и еднаш 16 илјади.
Исто така пишува дека шминкерката се вика Наташа и работела со Макрон за време на предизборната кампања.
Според информациите во Closer, претходникот на Макрон – Франсоа Оланд му плаќал на својот шминкер околу шест илјади евра месечно.
39-годишниот Емануел Макрон ја презеде функцијата шеф на државата на 14 мај 2017 година и стана најмладиот претседател во историјата на Петтата република.