Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот рече дека претставувањето на партијата на Марин Ле Пен во Европскиот парламент во последните пет години е “катастрофа”, пренесе “Ројтерс”.Оваа изјава доаѓа само една недела пред изборите во Европскиот парламент.

Јас не сум од оние кои сметаат дека не е проблем, ако “Националниот фронт ” повторно е најголем победник на овие избори “, изјави Макрон пред новинарите во Биариц. – Тие гласаа против секој проект, поддржан од Франција,

Партијата на Ле Пен, порано позната како “Национален фронт”, била прва на избори пред пет години, потсети шефот на државата.

За сите прашања, тие се катастрофа за земјата и за Европа “, рече Макрон , главниот противник за време на Ле Пен.

Анкетите покажуваат дека двете партии повторно имаат слични резултати.

Потсетуваме  дека Ле Пен деновиве ги негираше тврдењата дека нејзината партија била поврзана со Кремљ.  

“Ги бранам интересите на мојата земја (Франција) и се борам за интересите на Европа, нема да дозволам да бидам под влијание на Путин”, рече Марин Ле Пен.