Макрон зборува во пресрет на набрзина свиканата денешна  мини средба  на високо ниво за прашањата на миграцијата во Брисел во неделата меѓу лидерите на ЕУ во спорот за мигрантите, кој ја дели Европа.

  “Јас поддржувам механизми кои всушност го земаат тоа предвид”, посочи Макрон, запрашан за неговото мислење за наметнување на можни финансиски санкции.

” Не може да имате земји кои масовно ја  користат солидарноста на Европската унија и кои масовно го изразуваат својот национален егоизам , кога станува збор за проблемот со мигрантите”, истакна шефот на француската држава.

На денешниот  состанок во Брисел учествуваат лидерите на Франција, Германија, Австрија, Бугарија, Грција, Италија и Шпанија. Вишеградските четири земји (Унгарија, Полска, Чешка и Словачка) објавија дека го бојкотираат состанокот.