Макрон во изолација: Има треска, кашлица и се чувствува уморно

од Stefanija Kuzmanovska
454 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон е во изолација поради коронавирусот во претседателската резиденција во близина на Версај, додека француските лекари ги предупредуваат семејствата кои се подготвуваат за празниците да бидат внимателни, особено на трпезата, поради зголемувањето на бројот на инфекции.

Макрон има треска, кашлица и се чувствува уморен, соопштија официјални лица од претседателството.

Тие не соопштија детали за неговото лекување.

Макрон е во претседателската резиденција Ла Лантер во Версај.

Во четвртокот беше објавено дека Макрон бил позитивен на коронавирус, бидејќи ги почувствувал симптомите на инфекцијата. Соопштението беше објавено во време кога бројот на заразени со коронавирус во Франција повторно е во пораст.

Франција во четвртокот објави уште 18.254 нови инфекции, а досега од корона починаа скоро 60.000 луѓе.

Слични содржини