Три лица се прогласени за исчезнати откако снежна лавина паднала врз мал хотел во провинцијата Абруцо, Централна Италија.Во хотелот, кој е целосно заробен, се наоѓале дваесетина лица. 
Ситуацијата во централниот дел на Италија продолжува да е комплицирана од лошото време. Во многу области снежната покривка достигнува еден-два метри.
Околу 150 000 луѓе и натаму остануваат без електрична енергија.