Малата “ќерка” на Путин се развела

од desk4
149 прегледи

Акробаткатата Катерина Тихонова која се посочува дека е ќерка на рускиот претседател Владимир Путин, се развела од сопругот и член на Одборот на директори на “Сибур” Кирил Шамалов.

Ова е објавено од Блумберг, повикувајќи се на свои извори. Повеќе детали за разделбата не се соопштува од страна на агенцијата. Веста за свадбата на Тихонова и Шамалов исто така беше објавена од Блумберг.

Кирил Шамалов е син на Николај Шамалов, кој е пријател на рускиот претседател.

Според информација на Reuters, Тихонова и Шамалов се венчале во февруари 2013 година во зимскиот центар “Игора”, кој според податоците на агенцијата е во сопственост на бизнисменот Јуриј Ковалчук. Тој е познат и како пријател на Путин.