Малдини: Сметам дека е непочитување што сопствениците не ме побараа за нов договор

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини изрази нервоза што сопствениците на клубот се уште не започнале преговори со него или со неговиот колега Фредерик Масара за обновување на договорите кои им истекуваат.

„Договорите ни истекуваат и не сме ги обновиле. Морам да кажам дека, со оглед на нашето патување и она што се случи за време на кризата со Ралф Рангник, сметам дека е непочитување што досега извршниот директор и Елиот не ни седнаа да разговараат со нас. Само сакам да кажам дека треба да разговараме. Тие можат да ни кажат: „Твојата работа не беше доволно добра за да продолжиш“, или можам да им кажам: „Не ми се допаѓа вашата стратегија“. Како што кажав и претходно, сакам да бидам гаранција за навивачите на Милан. Не сум вистинската личност за работа на проект во кој нема победничка идеја. Јас никогаш не би го направил тоа. Реалноста е дека никогаш не сме седнале да преговараме со сопствениците, а тоа не е добро“, истакна легендата на „росонерите“ и додаде:

„Не сме разговарале за промена на сопственоста. Ова ни беше кажано откако информацијата се појави во печатот. Сепак, почувствував дека има нешто, но тоа не беше проблем. На крајот на краиштата, кога сте создале посебен тим како нашиот, таквите непромислени работи не ја попречуваат ситуацијата. Продолживме да работиме за Милан, знаејќи дека во секој случај имаме силен клуб зад нас, кој е секогаш навремен во плаќањето. Се разбира, имаше љубопитност. Некои играчи со кои разговаравме за продолжување на договорите ни рекоа: „Да почекаме, бидејќи можеби ќе има повеќе пари“. Идни пополнувања? Работиме на нив со месеци, но во моментов немаме финансиски средства да размислуваме за скок во квалитет. И ние сме во транзиција. Ќе видиме…“, прокоментира Малдини во интервју за „Газета дело спорт“.