Истражувачот од невладиниот сектор, Блажен Малески во емисијата 24 Отворено изјави дека протестите на ВМРО-ДПМНЕ се како подготовка за локалните избори.
– Да се утврди како е членството на терен и да се видат силите, а не толку идентитетските прашања кои ја мачат партијата. Во крајна линија, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има проблем со сопствениот идентитет, вели Малески.
Никола Цветкоски, неговиот соговорник во дебатата, пак истакна дека требало опозицијата да обзнани дека има тајни преговори со Бугарија од личности кои немаат легитимитет да преговараат за идентитетот.
„Откако опозицијата обзнани, тогаш почнаа Заев и Пендаровски да ги кажуваат своите ставови. Заев се колнеше во семето и здравиот разум дека нема да го смени името и не може сега да му се верува дека немало поместување во идентитетот. Тоа што не завзема насионален став Собранието како Парламентот на Бугарија, тоа кажува дека ние сме на меѓународен план, држава која може да прави отстапки за прашање кое не е здраворазумно“, истакна Цветкоски на дебатата на ТВ 24.