“Малиот директор“ заработи речиси 50 милиони долари за 4 дена

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Бебе во костум и вратоврска од новиот филм “Baby Boss” (кај нас преведен како „Малиот директор“) на студиото “Дримворкс” (DreamWorks) го собори “Убавицата и ѕверот”, кој царуваше две недели на врвот на благајните на Северна Америка. Рускиот ангел со зелени очи собра 49 милиони долари од петокот, кога излезе, до неделата во САД и Канада, според прелимираните податоци на специјализираната во областа на следење на финансиски листи фирма “Егзибитор рилејшнс” (Exhibitor Relations), објавени во неделата.

Baby Boss ја раскажува приказната на бебе, посвоено од семејството Темпелтон.

“Убавицата и ѕверот” собира уште 47,5 милиони долари приходи во текот на овој викенд и има вкупно 395,4 милиони долари од излегувањето на големиоот екран. Во светскиот римејк на Дизни, кој вклучува реални, а не само дигитални слики приближува милијарда долари приходи, според специјализираната фирма BoxOfficeMojo, цитирана од АФП.

Секој од четирите последни филма на студиото “Буена Виста” (Buena Vista), филијалата на компанијата “Дизни”: “Убавицата и ѕверот”, Rogue One “, Вајана” и “Доктор Стрејнџ” ги надмина 600-те милиони долари приходи на касите во целиот свет.

На третата позиција е “Дух во оклоп” (Ghost in the Shell), адаптација на истоимена јапонска анимација, која излегла во 1995 година, со вистински актери. Деветнаесет милиони долари за првата недела во која учествува на северноамериканските екрани. Тој го надмина измислениот лик од “Пауер Ренџерс” (Power Rangers) кој собра 14,5 милиони долари во касите на американските и канадските кина што носи вкупно 65 милиони долари за десет дена.

Многу назад е Kong: Skull Island, со 8,8 милиони дополнителни, за да достигне 147,8 милиони од излегувањето на големиот екран.