Малиот Груевски – Мицкоски, освен за блокади друго и не знае, велат од СДСМ преку соопштение. Истакнуваат дека со блокирање на европскиот пат на државата, Мицкоски ја продолжува политиката на својот претходник, кој 11 години ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО.
-Малиот Груевски на граѓаните наместо европска иднина и европски вредности, повисоки плати и пензии, пристап до европскиот пазар од 500 милиони жители и европски фондови, им нуди неизвесност и несигурна иднина.
Сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2030 година, блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени, стои во партиското соопштение на СДСМ.
Коментирајќи го ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека „можеби Фројд влијае на Ковачевски, па тој може да биде фрустриран од ситници“, премиерот вчера изјави дека проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од „гастроентерхепатолошка природа“.
-Јас ја видов изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во кoja тој споменуваше автори од делот на психотерапијата. Сметам дека проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од гастроентерхепатолошка природа, со оглед на блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и во носењето на одлуките за интеграција на нашите граѓани и на нашата држава во ЕУ, рече Ковачевски од Гренада.