Малку е! Претседателот на Перу се пожали од платата

од desk3
62 прегледи

Претседателот на Перу Педро Кучински, поранешен инвестициски банкар, кој изјавувал пред даночните власти дека заработувал по 700 000 долари годишно, пред да ја преземе функцијата во јули, предизвика бран од укори на социјалните мрежи откако се пожали од платата како државен службеник .

0000319532-article2

Коментарите на Кучински беа поставени онлајн од локалниот весник “Кореја”, пренесе ТАСС. 78-годишниот дипломец на Оксфорд и Принстон и поранешен економист од Светската банка, претставувајќи вчера пред група општински претставници реформи за зголемување на платите на локалните градоначалници, ја спомена сопствената плата.

“Претседателот на републиката добива половина од она што го заработува министерот .Овде има двајца министри – заедно тие заработуваат четири пати повеќе од мене. Тоа праведно ли ви се чини?”, рече тој.

Сепак некои рекоа во социјалните мрежи дека претседателот би требало да добива повеќе од министрите, забележуваат агенциите. Платата на претседателот е 15 600 сола (4 588 долари) месечно пред оданочување, а министрите од кабинетот заработуваат 30 000 сола месечно. Минималната плата во Перу е 850 сола (250 долари).

Рејтингот на одобрување на Кучински се крена до 63 проценти во септември, но падна со осум поени во последната анкета на Ипсос минатата недела. Центристичката влада беше погодено од корупциски скандал со поранешен советник и окрвавени протести во една од најголемите бакарни рудници во земјата.