Малку е веројатно да има нов тендер за „Чебрен“ пред избори

од Nikola Popovski

Министерот за финансии, Фатмир Бесими вели за проектите во енергетиката, државата има поголем износ на финансирање и одреден капацитет за остварување. За изградбата на хидроелектраната Чебрен вели дека е дискутирано во Влада и е дел од стратегијата за енергетика.

-Веројатно годинава, сега пред избори, не е толку реалистички да се ветува дека ќе можеме да стигнеме да објавиме оглас. Веројатно и тие големи инвеститори, во фаза на избори ќе чекаат за следна фаза, за да може да се пријават. Тоа е прашање за стратегија на Влада. Има и против и за – дали сама да го гради ЕСМ или да има и партнер во тој дел. Владата ќе оцени, кажа Бесими на денешниот брифинг со медиумите.

Како што порача министерот, пред 20 години и денес, енергетиката е различна гледано од геостратешки интерес. Вели дека технолошкиот развој оди многу брзо во тој правец.

Слични содржини