180
Бројни здруженија за заштита и помош на животни од цела Хрватска организираа акции за помош на миленичиња и животни кои настрадаа во земјотресот, пишува Индекс.хр.
Емотивна фотографија од спасено куче беше објавена на Фејсбук страницата на Здружението за правна заштита на животните Анималекс.
– Спасивме куче од Петриња – напишаа покрај фотографијата и додадоа дека го нашле сопственикот.
Фотографијата собра над 1.000 лајкови, а бројни следбеници им се заблагодарија на членовите на здружението што не ги заборавиле животните во овие тешки моменти.
Spasili smo jednog psa iz Petrinje 🐶
Broj čipa: 191100002099438
PRONAŠLI SMO PODATKE VLASNIKA!
Posted by ANIMALEX-Udruga za pravnu zaštitu životinja on Tuesday, December 29, 2020