Нов земјотрес кај Петриња

од Nikola Popovski

Нов земјотрес е забележан во Банија, Хрватска. Според ЕМСЦ, тоа било на 9 километри југозападно од Сисак, а магнитудата била 2,9 степени по Рихтер.

Земјотресот се случил во 9.03 часот, а бил почувствуван во областа Петриње и Сисак, пренесува „Вечерњи лист“.

„Се слушна татнеж и потрес во рок од неколку секунди“, напиша еден корисник од Петриња. „Силно задрма, еден за добро утро“, се само некои од коментарите на населението од областа Петриња.

Слични содржини