Мало дете пронајдено во бесознание во базен во прилепско

од Nikola Popovski
17 прегледи

На 20.07.2025 околу 20.30 часот во ПС Прилеп од страна на доктор од Општата болница „Борка Талески” било пријавено дека кај нив било донесено едноипол годишно дете, кое според кажаното од неговите родители С.И. и Б.Т. од с.Заполжани, општина Долнени, го пронашле во базен во нивниот двор во бесознание.

На детето му е укажана помош во прилепската болница, по што е пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини