Вознемирувачки инцидент ја наруши безбедноста во скопската општина Аеродром, откако група малолетници на улица пресретнале и физички нападнале три лица. Нападот не застанал само на физичка пресметка, туку малолетниците кон жртвите фрлале и јајца, предизвикувајќи дополнителен хаос и вознемиреност кај случајните минувачи.
МВР информира декa вечерта 14-ти кон 15-ти март во 00:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром М.Б.(22) од Битола, Б.Ќ.(23) од Струмица и Б.С.(20) од Скопје биле физички нападнати од група од малолетници, кои исто така ги удирале и со јајца.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.