Малолетници се пресметувале со ножеви во Карпош, еден завршил во болница

од Nikola Popovski
52 прегледи

Малолетници вчера изутрина се пресметале во близина на хотел „Карпош“, а еден од нив завршил прободен и во болница. До инцидентот дошло по вербална расправија. На случајот работи полицијата.

„Од ГОБ “8 Септември” е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник- ученик во СДУ „Ѓорги Димитров”, кој, според пријавеното, се здобил со убодна рана од остар предмет во угостителски објект на територија на Карпош, каде дошло до пресметка помеѓу две групи на ученици“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини