Малолетници се тепале во скопски Центар, едниот од нив нападнал полицаец

од Milan1
69 прегледи

„На 26.04.2025 околу 22.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 14 и 15 години од Скопје затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и претходно учествувале во физички пресметка помеѓу повеќе малолетници.

При приведувањето, 15-годишникот нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Слични содржини