Малолетници затекнати со алкохол на приватна прослава кај Куманово

Полицијата приведе две лица поради организирање приватна забава на која биле затекнати малолетници што консумирале алкохол.

од desk4
18 прегледи Фото: Фејсбук

Станува збор за 24-годишна кумановка и 41-годишен жител на селото Љубодраг, кои биле лишени од слобода по контрола во угостителски објект во селото Доброшане.

Акцијата ја спроведоа полициски службеници од СВР Куманово во соработка со инспектори од Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи.

При проверката биле затекнати вкупно 15 малолетни лица, а кај 11 од нив било утврдено присуство на алкохол.

По целосно документирање на случајот, против организаторите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од полицијата.