Малолетник бил нападнат со остар предмет во центарот на Скопје

12-годишно дете преживеало хорор во Центар: Со расекотини завршило во болница

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Фејсбук профил на МВР

Дете од Скопје при напад се здобило со расекотина и завршило во болница.

– На 11.11.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, Г.М.(39) од Скопје пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот, информираат од Скопската полиција.

Малолетникот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини