Полицијата поднесе кривична пријава против малолетник поради крадење на туѓи податоци.
„На 22 јануари пријавениот во теретана во Кавадарци ја фотографирал дебитната картица на Т.Т.(31), при што извршил повеќе трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од околу 4.739 денари“, објави МВР.
Со тоа, малолетникот сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.