Малолетник извршил четири кражби во гостиварско

од Берта Китинска

На 12.06.2022 во 19.30 часот полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, во присуство на родител, лишиле од слобода малолетник од гостиварски Добридол.

Тој се сомничи дека во изминатите два месеца извршил четири кражби во селата Градец, Сенокосе и Добридол. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок.

Слични содржини